Ана Ивановиќ не го крие задоволството од семејниот живот со Бастијан Швајнштајгер, кој целосно ги промени приоритети на некогаш најдобрата светска тенисерка. Швајни потпиша за Чикаго фајр, по што двојката се пресели во САД, а Ивановиќ е пресреќна што по долгото шетање низ светот конечно се смести на едно место со човекот од нејзините соништа.
– Доста ми беше скитање низ светот. Никогаш во животот сум немала нешто што можам да го наречам свој дом, сега таа желба ми се исполни. Следна желба ми е проширување на семејството, тоа е да имам барем три деца. Тоа е најмалку што можам да посакам – изјави Ивановиќ.
Ритамот на тренинзи и натпревари во МЛС-лигата е далеку полесен од оној во Англија, па јасно е дека Швајнштајгер ќе може целосно да се посвети на исполнување на желбите на својата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја