
За време на денешното судење лидерот на СДСМ, Зоран Заев целосно се повлече од тврдењата дека премиерот Никола Груевски бил дел од корупција во купување на акции од Македонска банка. Одговарајќи пред судот, Заев изјавил дека тој не тврдел, туку дека само поставувал прашања за можна инволвираност на Груевски.
Својата промена во ставовите тој се обидувал да ја аргументира со прашалниците во текстовите што ги читал на прес-конференции, а кои биле објавени и како соопштенија за печат.
Според неговиот најнов став искажан на судењето Заев сега тврди дека тој не тврдел туку само се сомневал што е дијаметрално спротивно на јавните тврдења дека Груевски зел 1,5 милион евра за Македонска банка. Тој рече дека ако тврдењето завршува со точка, а следната реченица е во прашална форма тоа било доказ дека искажува сомненија,
-Денес кога Заев се најде пред судот со сите сили се обидува да докаже дека не го кажал тоа што всушност го кажа, туку искажувал основ за сомнеж. Напротив, тој секогаш категорично твдеше дека јас сум зел 1.5 милиони евра во кеш, а во некои наврати и 2,4 милони евра и дека сум татко на криминалот. Соочен со тоа дека нема докази на суд, соочен со фактот дека вчера неговиот клучен сведок го демантираше како последна надеж за спас, се соочува со неговото обвинување за клевета, па вели дека само искажал свое сомнение – изјави Груевски, додавајќи дека целата денешна дискусија може да се сведе на неговото тврдење дека само искажувал основ за сомнеж, иако јавно и на прес-конференции и на митинзи тој неосновано го обвинувал
Груевски изјавите дадени од Зоран Заев во кои го обвинувал за криминал во случајот со Македонска банка ги оцени како невистини и клевети од најнизок вид. Единствената цел на изјавите, додава премиерот, е да му нарушат на честа и угледот во земјава и странство.
-Тужениот со невистините кои ги изнесуваше дека јас сум татко на криминалот, дека сум зел пари на црно и сум ја оштетил државата, беа кампања на изнесување невистини токму кога мојот углед беше ставен на проверка за време на изборите. Тоа Заев го правел злонамерно. Сето тоа се измислици. Јас целиот свој живот не сум имал никаков судир со законот, туку честа и угледот секогаш ми биле на прво место, истакна Груевски, ког подвлече дека сево ова му нанела тешка душевна болка, непријатни чувства, и напад врз неговата личност.
-Тужениот и после поднесување на тужбата продолжува да ме прикажува како нечесна личност. Јас имам разбирање за политичка критика, но ова е конструкција на невистини кои имаат единствена цел – тешко наружување на мојата чест и угледот. Со ова ми е нанесена огромна штета, а не можам ни да замислам потежок облик на клевета, посочи Груевски и додаде:
-Владата ги охрабрува сите граѓани и институции доколку имаат соменија за ваков криминал истото да го објават, но никогаш никого не сме охрабриле јавно да искажува клевети. Овде не странува збор за лично недоразбирање, туку очигледна цел оттако Заев убедливо загуби на изборите да ми наштети на вториот круг од гласањето. Ова е тешка клевета на која поверуваа дел од граѓаните, а некои од нив можеби сеуште веруваат. Тужениот имаше зла намера за негова лична корист да ми нашети, а неговата цел беше лична поради аспирацијата да дојде на власт.
За време на денешното судење адвокатите на Заев го советувале да не одговара на прашањата во судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


