Сезонските билети за следната сезона во Лигата на шампиони, Металург ќе ги пушти во продажба наредната недела, додека пак Вардар оваа информација ќе ја објави за петнаесет дена.
И оваа како и претходната, сезонски билети ќе има, ќе има и еднократни, ќе можат да се набават и на каса и онлајн. Цената сè уште не е утврдена, но претпоставка е дека ќе чини од 1.200 до 2.000 денари во зависност од позицијата.
Тоа значи дека цената за билет би била од 250 до 400 денари за групната фаза од натпреварите. Информацијата не е официјално потврдена.
Билетите на каса би требало да се најдат следната недела. Сопствениците на сезонски билети се и сопственици на истите места во салата (бесплатно) и за натпреварите на СЕХА-лигата. Така беше лани, веројатно така ќе биде и сезонава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


