| четврток, 6 декември 2018 |

Газда Нини тврди дека СДСМ не ја кажува вистината, обвинувањата на опозицијата се лага

Сведокот на СДСМ јавно призна дека Заев не ка кажува вистината

За разлика од одбраната на Заев кој е тужена страна во случајот Македонска Банка и која одбила да го испита Газда Нини иако постојано го користеше за да ја убеди јавноста дека тој е клучниот сведок, одбраната на Премиерот му поставила директни прашања на српскиот бизнисмен.

Адвокатот Додевски од Стефановиќ побарал директно да каже дали со некого договарал поткуп за купување на акции од Македонска Банка.

Стефановиќ одговорил дека е нелогично да се договара поткуп. Како  како што изјавил и предходно, невозможно било да договара поткуп ниту тој ниту било кој друг.  Според него давање поткуп во таква ситуација било нелогично и непотребно затоа што никој не би знаел кому да му даде поткуп во такви околности.

 

makedonska_bank_1

 

Адвокатот Додовски уште еднаш го прашал Стефановиќ директно дали има вистина во тврдењето дека Груевски преговарал и дал поткуп, директно или преку посредник.

На ова Стафановиќ одговорил дека нема вистина, со никого не разговарал на таа тема ниту дал поткуп.

-Нема вистина. Немам со било кого разговарано на таа тема, ниту сум дал поткуп. Бев непријатно изненаден кога ме повикаа да сведочам. Не се познавам ниту со Заев ниту со Груевски. Со премиерот се немам видено никогаш во животот. Ниту за Македонска Банка, сум имал разговор со него и немало потреба за тоа. Акциите беа продаденина берза и може да ги купи кој сака. Си има брокери кои тоа го работат. Продавачот јас не го знам. Јас не знам кој е сопственик на акциите ниту сум можел да знам. Тужителот не го знам, ниту некогаш сум го познавал – рекол Газда Нини.

По одговорот на српскиот бизнисмен во судницата настапила целосна штама пред се затоа што српскиот бизнисмен Нини кој беше сведок на СДСМ  јавно призна дека Заев и неговата партија не ка кажуваат вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top