
Еден од луѓето кои што од опозицијата беше посочуван како сведок кој може да ги потврди обвинувањата на Заев во случајот Македонска Банка, српскиот бизнисмен Газда Нини денеска сведочеше во процесот.
Јовица Стефановиќ – Нини пред судот изјавил дека бил непријатно изненаден кога го повикале да сведочи во Скопје. Тој изјавил дека не се познава ниту со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски ниту со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Со премиерот Груевски не се видел никогаш во животот, рекол Стефановиќ и додал дека со него немал ни разговор затоа што за тоа немало потреба, акциите биле продадени на берза и можел да ги купи секој што го сакал тоа. Газда Нини посочил дека имало брокери кои што го работат тоа и немало потреба од друг вид комуникација.
Стефановиќ изјавил дека воопшто не го познава продавачот на акциите на Македонска банка ниту кој е сопственик а ниту можел да го знае. Нини рекол дека не го познава тужителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


