| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја петта жена го следи поранешното момче од лажен профил

Секоја петта жена после раскинувањето на врската настојува да контактира со поранешното момче преку социјалните мрежи, за што и зажалиле, а ист толкав број признаваат дека креирале лажни профили за да можат потајно да го следат, покажува истражувањето на британската фирма „OnePoll“.

Според оваа анкета, само 48 отсто од жените ги прекинуваат во целост сите контакти соcпоранешното момче на Интернет, пишува „Дејли меил“.

Околу 18 проценти од луѓето велат дека поради достапноста на социјалните мрежи ставени се во искушение да се слушнат со поранешниот партнер, но се задоволуваат со податоците кои тој ќе ги објави.

– Социјалните мрежи ни олеснаа и натаму да ги следиме луѓето кои некогаш активно учествувале во нашите животи, но понекогаш тоа станува вистинска опсесија, смета британскиот психолог Мајкл Синклер.
Тој смета дека едно е да се наиде на фотографија или информација за поранешниот партнер, а друго е да се биде опседнат со тоа што тој прави, бидејќи ни оневозможува да продолжиме со животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top