| четврток, 6 декември 2018 |

Новите американски санкции претседателот Рохани ги смета за „инвазија врз Иран“

iran rohaniИранскиот претседател Хасан Рохани западните санкции ги нарече „инвазија“, откако Вашингтон санкционира 25 фирми, банки и физички лица, соопштија американските медиуми.

Рохани денеска изјави дека „санкциите се инвазија врз иранската нација. Треба да се спротивставиме на ова анвазија и агресорите да ги ставиме на местото што им припаѓа“.

Неговите коментари директно беа пренесувани на државната телевизија.

САД вчера воведоа санкции врз повеќе од 25 фирми, банки и физички лица, за кои има сомненија дека работат за проширувањето на иранската нуклеарна програма, го поддржуваат тероризмот и му помагаат на Иран да ги избегне американските и меѓународните санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top