Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека меѓу големите сили гледа зголемено прифаќање на ставот дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да остане на власт.
– Верувам дека денеска сите прифаќаат дека претседателот Асад мора да остане за да можеме да се бориме против тероризмот, изјави Рохани за Си-Ен-Ен.
Рохани нагласи дека Сирија, кога првична цел е борба против тероризмот, за терористите да бидат поразени, нема друг избор освен зајакнување на централната власт и централната влада.
Иранскиот претседател најави дека Техеран ќе се ангажира по прашањето за ослободување на тројцата Американци од ирански затвор, ако САД ги ослободат заробените Иранци.
– Ако Америка преземе соодветни чекори и ги ослободи, тоа сигурно ќе создаде поволна атмосфера и вистински услови и ние да направиме се во наша моќ за да обезбедиме најбрзо можно ослободување на Американците, истакна Рохани.
Рохани се очекува да се обрати за кризата во Сирија за време на дебата на Седницата на Генералното собрание на ОН, по говорот на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рохани: САД ќе зажалат ако го напуштат нуклеарниот договор
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Башар Ал Асад: Ќе се бориме против герилите финансирани од Америка
-
Асад: Сирија и Северна Кореја заеднички против големите сили