Иран е подготвен да го разгледа со САД, Русија и Европската унија евентуалниот „акционен план“ за Сирија, веднаш откако ќе бидат поразени џихадистите од групацијата Исламска држава, изјави за американското радио Ен-Пи-Ар, иранскиот претседател Хасан Рохани.
– За нас не е проблем да ги почнеме разговорите за одредување и реализирање на акциониот план, откако терористите ќе бидат протерани од територијата на Сирија, истакна Рохани.
Според него потребно е сите да дејствуваат заедно и да има формула за итно протерување на терористите.
– Треба да разговараме за идните можности со сириската Влада и со сите заинтересирани страни со цел заедно да составиме акционен план, додаде тој.
Рохани сепак повтори дека судбината на Сирија и на нејзиниот претседател Башар ал Асад ќе биде определена од самите Сиријци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.