| четврток, 6 декември 2018 |

Рохани: САД ќе зажалат ако го напуштат нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД ќе жалат за напуштање на нуклеарниот договор од 2015 година и оти неговата земја има подготвено планови да одговори на било која одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Радио Слободна Европа.

„Имаме планови да се спротивставиме на било која одлука на Трамп во врска со нуклеарниот договор“, изјави денеска Рохани во говор во северозападен Иран кој беше пренесуван во живо на државната телевизија.

„Ако САД ја напуштат нуклеарната спогодба, наскоро ќе видите дека тоа ќе доведе до историско каење“, додаде Рохани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top