„Skopje Dance Festival“ е мултимедијален електронски музички настан со главна цел промовирање на најдобрите светски музички артисти пред македонската јавност, како и обединување на сите реномирани македонски електронски музички изведувачи на едно место, во нашиот главен град.
Скопје отсекогаш важел за град каде што електронската сцена, едуцираноста и културата на младите, како и ноќниот живот биле на високо респектирано ниво. Како пример би го навеле познатото списание DJ Magazine во кое електронската сцена во нашата држава беше поставена на исто рамниште со сцените од сите познати европски држави, додека градот Скопје важеше за центар на електронските музички случувања во регионот и пошироко.
Сведоци на ова се големиот број на светски познати артисти кои во неколку наврати гостувале во нашиот град, а feedback-от кој го добиле од македонската публика во свои лични интервјуа го имаат претставено како едно од нивните најдобри доживувања. Од нашиот град потекнуваат многу познати музички артисти кои бележат успеси како на домашната така и на светската музичка сцена и кои се редовни учесници на најголемите музички светски настани.
Идејата на „Skopje Dance Festival 2014“ е продолжување и развој на електронската музичка сцена, едуцирање на младите, издигнување на градот Скопје и негово повторно поставување на мапата на светската електронска сцена.
Оваа година фестивалот ќе се одржи на 6ти септември на Стадионот АРМ во Градскиот Парк и на него ќе настапат следниве артисти:
Специјален гостин – миленикот на женската популација:
TRISTAN (Live) NANO RECORDS London, UKДомашна поддршка:
KOX (G.E.N.)
ROBOTEK (PMG Recordings)
FLOODER (Pollux)
GORAN KAN (Kerkez Music)
MIRKO POPOV (PMG Recordings)♫ TOMI BOJADZI (Puresoul)
DJANTRIX (G.E.N.)
DJ CHVARE
EMI & ANA MALO
URBANA REGENERACIJA
RCF Line Array Sound System
Професионално осветлување
Промоција на најнова ласер технологија
LCD Screen Бина
Видео бимови и проекции
Жонглери
Огнен перформанс
Art Bazaar
Аудио/Видео работилници
Изложба
Цена на влезници: 250 денари во предпродажба и 350 денари на врата. Влезниците можете да ги купите во Кафе Бар Кино Карпош и на Купи карти за се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


