Никола Маџиров на 10 ноември ќе има целовечерно читање во Куала Лумпур во Малезија. На вечерта насловена како „Ловците се повеќе осамени, отколку гладни”, модерирана од малезискиот поет Ко Един, поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски, англиски и малезиски јазик.
Во рамките на неговата месечна турнеја низ Азија, Никола Маџиров имаше неколку настапи и на меѓународниот книжевен фестивал во Сингапур, а го очекуваат читања во осум градови во Кина и Индија, од Шангај, Пекинг и Хонг Конг, до Мумбаи. Во издание на „Чајна Прес Јуниверзити” се објави и антологијата на современа светска поезија „Поезија и конфликт” на кинески и англиски јазик, во која се застапени и неколку песни на Никола Маџиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Последните камбани“ во нови фестивалски улоги
-
Поезија од Наташа Сарџовска денеска ќе се промовира во Италија
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ