Кој не сака фестивали, музика, танц, убави костуми, забава.
Некои градови во светот се познати со своите сезонски фестивали и привлекуваат туристи од целиот свет.
Погледнете 10 фестивали што вреди да се посетат:
Карневалот во Рио, Бразил
Тоа е најголемиот и најпознат карневал во светот. Илјадници туристи од целиот свет патуваат во Бразил специјално заради него. За време на фестивалот, по улиците танцуваат околу 2 милиони луѓе. Историјата на овој карневал датира од 18 век. Кулминацијата се достигнува со парадата на школите по самба. Фестивалот се одржува во февруари или март, непосредно пред велигденските пости.
Карневалот на Венеција, Италија
Традицијата почнува околу 12 век. Потоа исчезнува, но повторно се возобновува во 1979 година. Венецијанските маски се еден од најатрактивните сувенири, кои можете да ги купите од Венеција. Се одржува во февруари или март, пред постите.
Огнениот човек, Блек Рок Дезарт, Невада, САД
Тој почнува во последниот понеделник од август и трае цела недела. Првпат се одржал во 1986 година. Кулминација се достигнува со горењето на огромна човечка фигура од дрво. Фестивалот нема точно определена цел. Во текот на оваа недела, различни уметници ги презентираат своите дела, а навечер се прават забави.
Октоберфест, Минхен, Германија
Тој трае 16 дена, а почнува кон крајот на септември. Октоберфест постои од почетокот на 19 век и привлекува милиони туристи од целиот свет. Се служат милиони литри пиво, кои се консумираат со германски колбаси.
Томороуленд, Буум, Белгија
Тоа е еден од најголемите фестивали за електронска музика. Првото издание е во 2005 година, а трае неколку дена во јули или август. Билетите за овој фестивал се продаваат многу брзо.
Трка со бикови во Сан Фермин, Памплона, Шпанија
Се одржува секоја година од 6 јули до полноќ на 14 јули. Најочекуванаиот дел се трките со бикови, кои се одржува од 8 часот наутро секој ден. Секоја година посетеноста е повеќе од 1 милион луѓе.
Марди Грас, Њу Орлеанс, Луизијана, САД
Почнува на 6 јануари и трае две недели, кои се исполнети со улични паради и забави.
Фестивал на фенерите во Тајван
Тоа е кинеска традиција и се одбележува во Кинеската нова година. Еден од највпечатливите моменти е кога се пуштат илјадници блескави фенери во небото.
Фестивал на ледени скулптури Харбин, Кина
Тука може да се видат најголемите ледени фигури во светот. Почнал да се одржува во 1963 година и се одржува секоја година од 5 јануари до 5 февруари.
Ла Томатина, Шпанија
Тоа е една огромна битка со домати. Се одржува во последната среда на август во Буњол. Традицијата трае од 1945 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ
-
„Последните камбани“ во нови фестивалски улоги
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ
-
Хрватската вицепремиерка Пејчиновиќ Буриќ во посета на Македонија