Роднините физички ја малтретирале нивната седум годишна внука, по што жива ја закопале во земја. Несреќното девојче го пронашол еден селанец враќајќи се од работа.
Додека се враќал од работа тој слушнал пригушени крикови од соседната нива. Прво не можел да разбере до каде доаѓал гласот, но кога се приближил до нивата видел дека земјата се мрда. Тој почанал да копа и здогледал седумгодишно девојче кое се бори за живот.
Кога го извлекол девојчето тоа било во полусвесна состојба, и веднаш ја однел во најблиската болница. Кога девојчето дошло при свест раскажало дека живее заедно со нејзината мајка и дека нејзините вујко и вујна се обиделе да ја задават.
Полицијата веднаш била известена за случајот, која установила дека на адресата со која девејчето живеело со својата мајка, веќе неколку дена нема никој. Полицијата трага по мајката и по извршителите на злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


