| четврток, 6 декември 2018 |

Цела Македонија ќе се гасифицира

mile-janakieski
Цела Македонија ќе се гасифицира. По Скопскиот регион отпочна постапката за донесување на гас и во Регионите 2 и 3 , поточно централна и источна Македонија и запaдна Македонија и Пелагонискиот регион.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска информираше дека Владата на Р.Македонија ја усвои тендерската документација за доделување на договор за јавно приватно партнерство за финансирање на проектирање, изградба, управување, оддржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас за Регионот 2 и 3.

-Очекуваме веќе наредната недела да се објави јавниот повик во официјалното гласило на ЕУ, Бирото за јавни набавки и Фајненшл тајмс, а оваа објава ќе биде доставена и до сите економски промотори на Македонија, истакна Јанкиески.

Во регионот 2 ќе се гасифираат 37 општини од Централна и Источна Македонија и општината Прилеп и во регионот 3 ќе се гасифицираа 26 општини.

Се со цел да се овозможи поголем број на компании да учествуваат во јавниот оглас за јавно приватно партнерство за финасирање на гасификацијата за разлика од Скопскиот регион овој пат процедурата за учество е многу поолеснета.

-Компанијата треба да има искуство за изградба и оперирање со дистрибутивни системи на природен гас во урбани средини во последните 5 години непрекинато, системите за дистрибуција со природен гас со кои оперира економскиот оператор треба да има најмалку 7000 корисници , минимален годишен приход од 20 милиони евра за последните три години за секоја година поединечно и способност целосно да ја затвори финансиската конструкција. Сакам да потенцирам како и во Скопскиот регион сите кандидати кои ќе ги исполнат овие услови ќе преминат во втората фаза, истакна Јанакиески

Министерот додаде дека со воведување на гасификацијата драстично ќе се намалат трошоците за граѓаните и компаниите .

Гасификацијата во 2 и 3 Регион ќе се изведува по принципот на приоритени општини. Во регионот 2 како приоритени општини се земени општините Велес, Штип, Радовиш, Кочани, Кавадарци,, Гевгелија и Прилеп. Во регионот 3 проиориетни се општините Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар и Тетово.

Јанакиески образложи дека приватниот партнер ќе има обврска во рок од 4 години од стапување на сила на договорот да изгради најмалку 71% од предвидената дистрибутивна мрежа при што 51 % е минимум во приоритетните општините, а најмалку 20% во останататите помали општини поединично.

Инвестција за реализација на преоектот во Регионот 2 е околу 28 милиони евра , а во Регионот 3 е 23 милиони евра. Времето на концесија ќе биде 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top