| четврток, 6 декември 2018 |

Рамен стомак за пет дена

flat-stomachИскусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.

Доколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики.

Положба и џвакање
Главен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете.

Избегнувајте сокови и пијалаци
Засладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни.

Избегнувајте вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини.

Внимавајте на отпорниот скроб
По правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките.

Избегнувајте зеленчук кој дуе
Гравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете.

Пијте пробиотици
Добрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот.

Намалете со солта
Стручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top