Владата ги исплати обврските кон стопанството, рече премиерот Никола Груевски на бизнис форумот во организација на Македонско- турската стопанска комора.
Во обраќањето на Форумот рече дека ветувањето на Владата за надминување на проблемот со доцнење на плаќањата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорени работи е исполнето.
Владината мерка почна во септември минатата година со цел подобрување на ликвидноста на фирмите. На средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


