| четврток, 6 декември 2018 |

Превентивни мерки против жолтица во училиштата – зголемување на личната и колективната хигиена

higiena

Вкупно 119 лица во Македонија се заболени од жолтица, од нив само во текот на вчерашниот ден биле хоспитализирани пет заболени. Најмногу заболеми има во Скопје – 83 случаи, па во Штип каде се заболени 36 лица, а поеднечни счучаи на Хепатит А има и во Гостивар и во Куманово. На синоќешната седница на Комисијата за заразни заболувања е донесена одлука од денес па во следните неколку дена од Здрвствениот и Просветниот инпекторат да излезат на терен и да проверат на какво ниво е хигиената во градинките и училиштата пред почетокот на учебната година.

Ова го истакна д-р Жарко Караџовски, кој додаде дека првиот училишен час ќе започне со процес на миење на рацете, предавања за лична хигиена, начин на пренесување на вирусната жолтица, како и начини на превенција.

– Во Скопје и Штип каде е прогласена епидемија на жолтива ги задолжуваме директорите на училиштата да превземат одредени мерки и активности за хигиената во училиштата, на лицата одговорни за хигиена да им се објасни како и на колку време треба да се читат и дезинфецираат тоалетите, односно пред почетокот на часовите, за време на големиот одмор и по часовите, нагласи Караџовски.

На влесот пред секое училиште, посочи тој, ќе има поставено т.н. дезбариера, и учениците пред да влезат во образовните објекти, ќе бидат задолжени да ги натопат, односно да ги дезифенцираат своите обувки.

Исто така на синоќешната седница, било донесено и одлука со која локалните самоуправи се задолжуваат да спроведуваат задолжително миење на улиците со цистерни со голем притисок, а посебно во општините каде веќе има пријавено епидемија.

– Локалната самоуправа на Штип е задолжена да постави и информативни табли на кој ќе пишува дека водата не е за пиење, на оние места каде што има непроверена вода за пиење, додаде тој.

Караџовски најостро ги демантираше шпекулациите дека болеста се пренесува преку вода за пиење, нагласувајќи дека хепатитот А се пренсува по контактен пат, односно преку нечисти раце.

Тој апелираше за зголемување на личната и колективната хигиена, како најважен начин за превенција од жолтица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top