Вечерва со почеток во 20.30 часот Македонската кошаркарска репрезентација го игра најважниот натпревар од квалификациите за европското првенство 2015 година.
Гостин на нашата селекција ќе биде Белорусија која ги загуби сите шанси за пласман на едно од првите две места кое водат на Евробаскетот.
Македонија со победа сигурно го визира пасошот за догодина и со освоеното второ место во групата како најдобра репрезентација што ќе го освои второто место од сите седум групи. Едниствениот конкурент во групата Белгија има исто бодови колку и Македонската репрезентација, но има подобра кош разлика.
Македонија може да биде и прва во групата ако ја победи Белорусија со повеќе од 10 разлика во однос на очекуваната победа на Белгија на гостувањето во Данска. Тој натпревар се игра еден саат порано од нашиот.
Селекторот Џикиќ истакна дека кошаркарите имаат потреба од голема подршка од трибините и посакува нашиот најголем спортски храм СЦ „Борис Трајковски“ да биде исполнет до последно место.
Ако се квалификуваме на Европското првенсто тоа ќе биде наше петто учество на еден голем спорстки настан и четврто во низа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


