| четврток, 6 декември 2018 |

Дејмон Вилсон: НАТО во јуни ќе расправа за Авганистан, не за проширување

damon wilson 2 Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет на САД, потврдува дека јунскиот самит на НАТО во Брисел веројатно нема да се расправа за членството на Македонија, но додава дека ќе има можност во 2014 година кога ќе се одржи редовен самит. Констатацијата на Вилсон доаѓа по најавата дека НАТО ќе одржи самит во јуни, една година по Чикаго кога американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека следниот НАТО самит ќе биде самит на проширување.
damon wilson
– Тоа што Клинтон го кажа пред да ја напушти функцијата, дека се надева дека следниот самит на НАТО ќе биде самит на проширување, беше значајна изјава. Но, тогаш сите очекуваа самит во 2014 година. Сега има активности од администрацијата на Обама да се свика мини самит или скратен самит во Брисел, на маргините на посетата на Обама на Европа за самитот на групата Г8 во Ирска. Овој самит би бил посветен само на следната фаза на стратегијата во Авганистан и плановите на предавањето на одговорноста врз безбедноста во оваа земја врз авганистанските безбедносни сили, и на прашањето на капацитетите на нашите европски сојузници кои треба да преземат поголем дел од одговорностите. Вратата за дискусија за проширување ќе можеме да ја отвориме во 2014 година, вели Вилсон.

Вилсон, кој бил на повеќе функции поврзани со Балканот и Европа во Националниот совет за безбедност на претседателот Џорџ В. Буш и работел за поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, смета дека на самитот во 2014 година Македонија и веројатно Црна Гора ќе настапат како кандидати за членство. Додека Црна Гора би требала да го одржи темпото на реформи во владеењето на правото, за Македонија, според Вилсон, останува да се постигне решение за спорот за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top