Како што велат од ЗПЛРМ за zdravstvo24.mk, ова нивно барање кое го прифати Фондот се должи на фактот што голем број на лекови се симнаа на ниво на матичен шт о значи дека пациентите можа тда го добијат лекот директно од избраниот лекар без да одат кај специјалист.
Бенефитот за лекарите е што послободно ќе можат да пропишуваат лекови без да се плашат дека ќе им биде намалена капитацијата. Изминатиот квартал околу 300 лекари имале некакво намалување поради прекорачување на лимитот.
Второ олеснување за лекарите кое е прифатено од ФЗОМ е породилното отсуство за матичните лекарки. Слободно можат да се грижат за бебето без страв дека ќе им бидат земени пациентите.
Досега, како што пренесува Здравство24, морало да вработат замена за континуирана грижа за пациентите или по 35-тиот ден од отсуството ФЗОМ автоматски им ги бришал пациентите. Сега тоа е веќе минато и можат да бидат на породилно 9 месеци а за целото тоа време ФЗОМ ќе им ги чува пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



