| четврток, 6 декември 2018 |

Фондот за здравствено осигурување продолжува со практиката на отворени денови

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, денеска се наоѓа во подрачната служба во Кавадарци каде што ќе има отворени денови за осигурениците.

Во вестите на ТВ НОВА Стефановски зборуваше за практиката на отворените денови на ФЗОМ, истакнувајќи дека целта е да се оствари директна комуникација со осигурениците, што е многу значајно во креирањето на нивните политики.

-Продолжува практиката на Фондот на здравствено осигурување на Република Македонија за отворени денови, при што ќе се искористи можноста да се разменат идеи и предлози за подобрување на работата и секако да се продискутира за одредени проблеми и да се најде решение за истите. Континуирано, повеќе од година дена го споменуваме овој проект, традиционално секој четврток отворените денови се во Фондот за здравствено осигурување. Се трудиме да бидеме поприсутни во секој дел од државата и сметаме дека заемната комуникација со нашите осигуреници е најзначајна во креирањето на политики за иднината – истакна Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top