Хиперсоничното оружје кое го разви американската војска е уништено за 4 секунди по лансирањето на полигонот на Аљаска. Контролорите веднаш по полетувањето ја воочиле грешката во системот која предизвикала експлозија, јавува Пентагон.
Тајното оружје е дел од програмата со која е планиран развој на ракета која би можела за неколку секунди да го уништи било кое место на Земјата, патувајќи со брзина од 5.600 km/h.
-Оружјето експлодираше при полетувањето и падна назад во комплексот. Моравме да ја прекинеме пробата, наведува Морин Шуман, портпарол на Пентагон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.