По се изгледа дека ноќните фотографии од последното лансирање на севернокорејската ракета лажирани, објави денеска „Си-ен-ен“.
Марко Лангброек, експерт за вселена кој ја следи севернокорејската ракетена програма забележал нешто чудно во врска со фотографиите кои ги објавија држаните медиуми во таа земја. Станува збор за распоредот на ѕвездите зад лансираните ракети.
Според неговото мислење, соѕвездијата се поставени спротивно, што во стварноста воопшто не е така. Како што наведува „Си-ен-ен“, Лангброек ја одредил насоката на фотогафијата на основа на обликот на димот од ракетниот мотор. Своите тврдења ги заснова и со фотографии кои тој ги објави на својот профил на твитер.
„Си-ен-ен“ потсетува дека Северна Кореја соопшти дека лансирала уште една интерконтинентална балистичка ракета мината среда, рано наутро по локално време за која се тврди дека е најсовремена до сега и може да ја погоди територијата на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


