Последниот нуклеарен тест на Северна Кореја веројатно бил двојно посилен од тоа што досега се мислеше, пишува „Блумберг“.
Се проценува дека тестот бил 17 пати посилен од бомбата фрлена на Хирошима во 1945 година.
Новите сателитски снимки покажале дека тестот на хидрогенската бомба бил доволно силен да урне речиси 350.000 квадратни метри површина на врвот на планината под која било изведено тестирањето.
Снимките од планината Мантап пред и по тестирањето извршено на 3 септември покажуваат дека нејзиниот врв е урнат. Планината била висока 2.205 метри, но значително се намалила по експлозијата.
Најновиот нуклеарен тест на Северна Кореја е изведен во рамките на програмата за вооружување на земјата на лидерот Ким Јонг-ун, кој вети дека ќе развие ракетна технологија која би можела да ја погоди американската почва.
Како одговор на тоа Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот одобри воведување нови санкции за Северна Кореја за да изврши притисок врз Ким Јонг-ун да се согласи на преговори за откажување од нуклеарното оружје.
извор:макфакс.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит