Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеа срамен пораз, откако синоќа беа елиминирани од Лига купот од третолигашот МК Донс со резултат 4-0 и тоа на денот кога го направија еден од најголемите трансфери во историјата.
По елиминацијата Луј Ван Гал, изјави дека „големите грешки скапо го чинеле неговиот тим“.
– Правевме големи грешки во погрешни моменти. Тие скапо не чинеа. Се надевам дека навивачите ќе продолжат да го подржуваат клубот и да веруваат во нашата филозофија, бидејќи ќе ни треба време – изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Останува да видиме уште колку толеранција има управата, бидејќи Јунајтед од првите две кола во Премиерлигата не успеа да освои ниту еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.