| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал: Јунајтед игра досаден фудбал, а Мурињо сепак добива подобар третман

Манчестер Јунајтед му се заблагодари на Луи ван Гал за да го ангажира Жозе Мурињо во 2016 година, но фановите и натаму не се задоволни од играта на своите миленици, па и од фактот што во втората сезона на Португалецот, Јунајтед веќе заостанува 11 бодови зад градскиот ривал Манчестер Сити.

По вчерашното градско дерби, Ван Гал го искористи поразот за да поентира, а неговата главна порака е дека Јунајтед игра досаден фудбал, а Мурињо трпи малку критики од фановите и медиумите.

– Попрво би го гледал Сити отколку Јунајтед, очигледно е кој има поквалитетна екипа. Ако ме прашате како ја оценувам работата во Јунајтед, ќе ви кажам дека тоа беше мојата најдобра сезона со оглед на околностите. Игравме солиден фудбал, но тоа не се цени во Англија, а кога гледам што се случува во моментов, забележувам дека Мурињо не е толку критикуван иако екипата игра подосаден фудбал.

– Она што го продуцира Јунајтед во моментов е дефанзивен фудбал, во мојот период игравме напаѓачки. Потврда за тоа е дека противниците секогаш „паркираа автобус“, со Мурињо нема потреба од такво нешто бидејќи Манчестер игра дефанзивно, – вели Ван Гал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top