| четврток, 6 декември 2018 |

Нови случаи на жолтица во Скопје и во Куманово

золтица

Регистриран е нов пациент со заразна жолтица во Скопје. Тринаесет годишно девојче од Шуто Оризари е хоспитализирано на клиниката за инфективни болести. Во Куманово последниве две недели се регистрирани три случаи на заразна жолтица. Сите три се девојчиња од 13 до 29 години, а едно од нив е хоспитализирано во кумановската болница.

Во Штип и во Скопје прогласена е епидемија.

Лекарите уште еднаш препорачуваат да се зголеми хигиената и да се изврши дезинфекција на училиштата и градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top