По Меркатор, Фруктал и Дрога Колинска и последниот словенечки гигант, Горење веќе не е во домашни раце. По успешно преживеаната транзиција и три докапитализации, искажани низ вкупна вредност од 36,6 милиони евра и реализирани во последната 1,5 година, сега 51,9 отсто од сопственичкиот удел во Горење го имаат странци, пренесе Пословни дневник.
Во велењската компанија најголем удел имаат Меѓународната финансиска корпорација IFC so 11,8 отсто, јапонската групација Панасоник со 9,5 отсто, која во 2012 година во компанијата инвестирала 10 милиони евра.
Горење во првата половина на годината оствариле приход од 601 милион евра, што е за 1,8 отсто раст во однос на истиот период од лани.
Словенците со години им пркосеа на предизвиците на приватизацијата на интернационално ниво, држејќи ги под свое најголемите компании или во портфолиото на локалните тајкуни и покрај нивното лошо работење.
Пословни дневник пишува дека најдобра илустрација на противењето на доаѓањето на новите сопственици е повеќегодишната “сага“ поврзана со Меркатор, кој стана дел од Агрокор. Во меѓувреме српски Нектар го презема Фруктал, а хрватски Атлантик груп ја презема Дрога Колинска.
Европската комисија овие денови инсистира на стечај во Елан, а новиот премиер Миро Церар го чека приватизација на 15 компании во мнозинско државно сопствеништво, а чија приватизација ја кочеа неодамнешните вонредни параламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.