| четврток, 6 декември 2018 |

Ко Ун прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

Ко Ун, годинешниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ беше прогласен за почесен член на македонската писателска асоцијација.

-Со своето учество како лауреат на поетскиот фестивал во Струга, вие трајно го вградивте своето име во летописот на оваа значајна меѓународна поетска манифестација. Вашето творештво презентирано на Струшките вечери на поезијата,  сега добива продолжително дејство преку македонскиот јазик и литература“, се вели во поракатана македонските писатели која му беше врачена при свеченото прогласување на корејскиот поет Ко Ун за почесен член на ДПМ.

За него пак, Македонија и  Јужна Кореја се слични во страдањата зашто во двете земји се пролеани многу солзи.

– Името на Македонија е славно, добро познато во историјата на човештвото и низ годините оваа земја многу страдала… Кога ќе се вратам дома и кога ќе пишувам поезија, многу слики и пејзажи од Македонија ќе бидат дел од неа, вели 81-годишниот Ко Ун,49-ти лауреат на Струшките вечери на поезијата.

Ун има слава на национален поет и е меѓу најзначајните имиња на светската поезија. Неговото творештво е дел од светската поетска ризница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top