Популарната пејачка од Барбадос Ријана престанала да пие алкохол, поради изгледот. Кога консумира алкохол, изведувачката забележува дека нејзината кожа станува груба и почнува да изгледа лошо.
Во такви случи ѕвездата пие многу вода, а ако и тоа не помогне прибегнува до квалитетна козметика.
Ријана признава дека поради многуте патувања и временската разлика, понекогаш не може да спие, а ако пие претходната ноќ, следното утро нејзината кожа изгледа „стара”. Во интервју за магазинот Elle барбадоската убавица вели дека во секојдневниот живот користи само маскара, кармин и задолжително ги нагласува веѓите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


