Оригинлниот „ice bucket challenge“ доби индиски пандан „rice bucket challenge“. Односно, популарноста на ледениот предизвик (ice bucket challenge), во Индија предизвика ист третман, но предизикот е да се сподели кофа полна со ориз за оние на кои навистина им е потребна. Индија е земјата каде гладта е на алармантно ниво, односно е прва на листата на сиромаштија по африканските држави.
Акцијата започна на интернет, а за кусо време достигна над 27 илјади поддржувачи. Во неа, исто како и во ледениот предизвик, се прклучија индиски богати и популарни лица, што секако ја зголеми и прошири акцијата.
Акцијата доби и заслужен телевизиски третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


