| четврток, 6 декември 2018 |

Чи­ја крв ќе пи­јат Гр­ци­те?

Не е прв­пат и не е из­не­на­ду­ва­ње тоа што грч­ки­те вој­ни­ци се сти­му­ли­ра­ат со пес­ни при мар­ши­ра­ње во кои се нас­ла­ду­ва­ат со кр­вта на сво­и­те со­се­ди. Не е прв­пат, но е за из­не­на­ду­ва­ње мол­кот за ва­кво­то од­не­су­ва­ње на Ати­на од си­те со­од­вет­ни ин­сти­ту­ции во кои чле­ну­ва Гр­ци­ја. Да­ли тоа зна­чи де­ка ва­кви­те пот­тик­ну­ва­ња на вој­ни­ци­те е и офи­ци­ја­лен став на ЕУ и на НА­ТО во рам­ки­те на ба­ра­но­то до­бро­со­седс­тво? И да­ли Авра­мо­пу­лос по­ра­ди тоа ќе би­де „на­гра­ден“ ка­ко евро­ко­ме­сар?  

Знае ли Бри­сел ко­го го ис­пра­ти Ати­на во уло­га на иден евро­ко­ме­сар? За­поз­на­ена ли е цен­тра­ла­та на Европ­ска­та уни­ја ка­кви ста­во­ви има Ди­ми­три­ос Авра­мо­пу­лос? Да­ли во­оп­што при из­бо­рот на кан­ди­да­ти за ид­ни евро­ко­ме­са­ри игра­ат уло­га вред­но­сти­те што ги прет­ста­ву­ва тој лик? Авра­мо­пу­лос е акту­е­лен ми­ни­стер за од­бра­на на Гр­ци­ја, зем­ја-член­ка на ЕУ и на НА­ТО, чи­и­што вој­ни­ци и по не­кол­ку­го­диш­ни­те афе­ри, сè уште не­пре­че­но об­ја­ву­ва­ат сним­ки на кои „се нас­ла­ду­ва­ат“ со кр­вта на сво­и­те со­се­ди, со кр­вта на сво­и­те со­гра­ѓа­ни во по­ши­ро­ки­те рам­ки, со со­бор­ци­те од ми­си­и­те на НА­ТО.

Авра­мо­пу­лос е чо­ве­кот што во сво­е­то пор­тфо­лио ја има и функ­ци­ја­та шеф на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја и кој знае ка­де ле­жи од­го­вор­но­ста за ва­кво­то од­не­су­ва­ње на грч­ки­те спе­ци­јал­ни си­ли, осо­бе­но што сним­ка­та што до­ве­де до про­тест­ни но­ти ме­ѓу два со­се­да е на­пра­ве­на на за­ед­нич­ка во­е­на веж­ба на грч­ка­та и на ки­пар­ска­та ар­ми­ја, на те­ри­то­ри­ја на Ки­пар, уште ед­на член­ка на ЕУ. За по­тсе­ту­ва­ње, грч­ки­те спе­ци­јал­ци веж­ба­ат мар­ши­ра­ње пе­еј­ќи де­ка би ја пи­е­ле кр­вта на скоп­ја­ни­те, на Ал­бан­ци­те, на Тур­ци­те, де­ка би ја „пре­га­зи­ле“ Тур­ци­ја, осво­и­ле „Све­та Со­фи­ја“, би го осво­и­ле Бли­ски­от Исток…

До­кол­ку па­три­о­тиз­мот се раз­би­ра ка­ко ка­ра­кте­ри­сти­ка и нај­сил­но чув­ство за се­кој вој­ник, ко­га др­жа­ва­та вле­гу­ва во еден по­го­лем по­ли­тич­ко-во­ен со­јуз, тој па­три­о­ти­зам до­би­ва по­ши­ро­ки гра­ни­ци. Таа лек­ци­ја ни­ко­гаш не би­ла, а не се ни оче­ку­ва да ста­не дел од грч­ка­та ар­ми­ја. Сè до­де­ка од бри­сел­ски­те адре­си на две­те цен­тра­ли, на НА­ТО и на ЕУ, не се при­тис­не јав­но Ати­на да се со­о­чи со на­ци­о­на­лиз­мот, па и со на­циз­мот кај грч­ки­те во­е­ни си­ли.

До­кол­ку ЕУ не ре­а­ги­ра за ва­кви­те на­ста­пи, ка­ко во слу­ча­јот од пред че­ти­ри го­ди­ни, ко­га на офи­ци­јал­на­та па­ра­да, мар­ши­рај­ќи пред др­жав­но-во­е­ни­от врв на Гр­ци­ја, ар­ми­ја­та пе­е­ше де­ка од ко­жа­та на со­се­ди­те „скоп­ја­ни“ ќе си крои об­ле­ка, а сега пее и на те­ри­то­ри­ја на дру­га член­ка на Уни­ја­та, да­ли ќе тре­ба зем­ји­те-кан­ди­да­ти да из­ве­дат зак­лу­чок де­ка тоа е офи­ци­ја­лен став на Бри­сел? И да­ли ќе тре­ба по­е­ди­неч­но да се ба­ра од­го­вор од се­ко­ја др­жа­ва-член­ка на Уни­ја­та да­ли се сог­ла­су­ва со ва­кви­те ста­во­ви на грч­ка­та ар­ми­ја, па ду­ри и би ги спо­де­лу­ва­ла кај сво­и­те вој­ни­ци?

До­кол­ку Авра­мо­пу­лос е пра­ша­ње за ЕУ, до­пол­ни­те­лен проб­лем е мол­кот од вто­ра­та бри­сел­ска адре­са- таа на НА­ТО. Ни­ту отта­му не­ма ре­ак­ци­ја, иа­ко си­те три со­сед­ни др­жа­ви на Гр­ци­ја – ина­ку те­ми за обра­бо­тка во ар­ми­ски­те пес­ни – се дел од али­јан­са­та, ка­ко пол­но­прав­ни член­ки или, пак, нив­ни­те ар­мии, ка­ко ма­ке­дон­ска­та, учес­тву­ва­ат во ми­си­и­те на НА­ТО.

За­тоа, не е из­не­на­ду­ва­ње што про­дол­жу­ва­ат ва­кви­те од­не­су­ва­ња на грч­ки­те на­ци­о­на­ли­сти во др­жав­но-по­ли­тич­ки­от врв. Не­ма ни­ту ед­на ре­ак­ци­ја или кри­ти­ка кон нив од ор­га­ни­за­ци­и­те што пред ма­ке­дон­ски­от на­род се кол­нат во до­бро­со­седс­тво и во спо­де­лу­ва­ње на за­ед­нич­ки­те вред­но­сти. Кои се кол­нат во искре­но­ста на иде­и­те за за­ед­нич­ки­те прос­ла­ви, исто­ри­ја и по­чи­ту­ва­ње на чув­ства­та на дру­ги­те, ка­ко нај­ви­со­ки це­ли што тре­ба да се по­стиг­нат за да се за­ста­не под исто зна­ме со нив. И от­ту­ка до­а­ѓа уште по­го­ле­мо­то раз­о­ча­ру­ва­ње за ма­ке­дон­ски­от на­род, кој, не­ли, би тре­ба­ло да ги ре­ви­ди­ра­ат сво­и­те стра­во­ви од со­седс­тво­то и да ве­ру­ва­ат де­ка и тие би вни­ма­ва­ле на чув­ства­та на ид­ни­те со­гра­ѓа­ни во таа над­др­жа­ва.

Ако, пак, се ана­ли­зи­ра уште под­ла­бо­ко, во со­ста­вот на на­се­ле­ни­е­то во Гр­ци­ја, по­треб­ни ли се збо­ро­ви за да се опи­шат чув­ства­та на си­те Ал­бан­ци, Ма­ке­дон­ци, Тур­ци, Бу­га­ри и на си­те дру­ги на­ро­ди што жи­ве­ат и се дел од тоа грч­ко оп­штес­тво. Кои, на кра­јот на кра­и­шта­та, пла­ќа­ат да­но­ци кон др­жа­ва­та со кои ги хра­нат исти­те тие усти што би им ја пи­е­ле кр­вта!

Грч­ки­от ам­ба­са­дор во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Те­о­ха­рис Ла­ла­кос, бе­ше по­ви­кан во ма­ке­дон­ско­то МНР, ка­де што му бе­ше вра­че­на про­тест­на но­та по­ра­ди скан­ди­ра­ње­то про­во­ка­тив­ни па­ро­ли на спе­ци­јал­ни­те си­ли на грч­ка­та ар­ми­јана за­ед­нич­ка­та во­е­на веж­ба со ки­пар­ска­та ар­ми­ја. Се ба­ра од грч­ки­те вла­сти да пре­зе­мат ит­ни мер­ки за осу­да на ва­кви­те по­ја­ви и тен­ден­ции, кои не се во ду­хот на европ­ски­те вред­но­сти и стан­дар­ди, и да се за­ло­жат ва­кви­те не­ци­ви­ли­зи­ра­ни акти да не по­вто­ру­ва­ат во ид­ни­на.

Бе­шевра­че­на и но­та во вр­ска со пра­кти­ка­та на ле­пе­ње на­леп­ни­ци, со кои се пре­кри­ва ко­дот „МК“ на таб­лич­ки­те на ма­ке­дон­ски­те во­зи­ла.

9968838856_13d1398c94_o

Ка­де се гу­би же­сто­ка­та ре­ак­ци­ја?

Пис­мо­то од Ма­ке­до­ни­ја упа­те­но до Ати­на, всуш­ност, ќе тре­ба да се чи­та и во Бри­сел. Бри­сел, пак, оста­на глув на пе­е­ње­то на грч­ка­та ар­ми­ја пред че­ти­ри го­ди­ни на офи­ци­јал­на­та па­ра­да, ко­га се пе­е­ја пес­ни за ко­жа­та на ма­ке­дон­ски­от на­род, а тоа бе­ше до­ку­мен­ти­ра­но од ме­ди­у­ми­те. Изо­ста­наа ре­ак­ции што би до­ве­ле до се­ри­оз­ни по­ме­сту­ва­ња во оп­штес­тво­то во кое на­ци­о­на­лиз­мот, но и на­циз­мот се сме­та­ат за „нор­мал­на по­ја­ва“.

За пра­ша­ње­то за по­сто­е­ње­то на на­ци­о­на­лиз­мот во др­жав­ни­те стру­кту­ри, кои, пак, до­ве­доа и до ши­ре­ње и го­ле­ма под­др­шка за на­ци­стич­ка­та Злат­на зо­ра ка­ко пар­ти­ја, за што ЕУ, а со тоа и по­ве­ќе­то член­ки на НА­ТО, ре­а­ги­раа ду­ри отка­ко се слу­чи­ја убис­тва и фи­зич­ки прес­ме­тки во Гр­ци­ја, збо­ру­ва ана­ли­ти­ча­рот Јор­гос Па­па­да­кис.

– На­ци­о­на­лиз­мот (во Гр­ци­ја) не по­стои во др­жав­ни­те стру­кту­ри. На­ци­о­на­лиз­мот се грч­ки­те др­жав­ни и па­ра­др­жав­ни стру­кту­ри – де­фи­ни­ра Па­па­да­кис.

За тоа зо­што има го­ле­ма то­ле­ран­ци­ја од ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции кон тоа, осо­бе­но ко­га се по­ја­ву­ва­ат ва­кви експ­ли­цит­ни до­ка­зи, грч­ки­от ана­ли­ти­чар пра­ша­ње­то го по­ста­ви по­и­на­ку.

– Јас би пра­шал ва­ка: зо­што тур­ска­та, ал­бан­ска­та и ма­ке­дон­ска­та ар­ми­ја не го зе­мат слу­ча­јот и да го пре­зен­ти­ра­ат се­којд­нев­но пред НА­ТО и пред ЕУ? Зо­што не ја иско­ри­стат таа шан­са што им ја да­ва Гр­ци­ја? Не мо­же да се оче­ку­ва мно­гу од тие ор­га­ни­за­ции ако не пре­зе­меш ини­ци­ја­ти­ва. Осо­бе­но Тур­ци­ја, ка­ко ста­ра и важ­на член­ка на НА­ТО – до­да­ва Па­па­да­кис.

Во 2010 го­ди­на то­гаш­ни­от евро­ам­ба­са­дор во Ма­ке­до­ни­ја уве­ру­ва­ше де­ка пис­ме­но про­те­сти­рал и де­ка Ати­на ве­ти­ла мер­ки и санк­ции, но не­ма ни­што од тоа. Ме­сто да се иско­ри­сте­ше при­ти­со­кот кон Злат­на зо­ра и во екот на рас­чи­сту­ва­ње­то со неј­зи­ни­от јав­но изра­зен на­ци­зам, да се рас­чи­сти и овој слу­чај, грч­ка­та ар­ми­ја оста­на не­до­пре­на од ЕУ и од НА­ТО.

Зго­ра на тоа, еден од нај­го­ле­ми­те под­др­жу­ва­чи на грч­ки­от на­ци­о­на­ли­зам, акту­ел­ни­от ми­ни­стер за од­бра­на Ди­ми­трис Авра­мо­пу­лос, го­ди­на­ва ќе би­де на­гра­ден со по­зи­ци­ја евро­ко­ме­сар! Са­ма­рас од­бра во Бри­сел да го ис­пра­ти ток­му Авра­мо­пу­лос, иа­ко пред не­го ка­ко кан­ди­дат бе­ше До­ра Ба­ко­ја­ни, по­ра­неш­на­та ше­фи­ца на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја. За по­тсе­ту­ва­ње, и Авра­мо­пу­лос бе­ше ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Гр­ци­ја.

А, всуш­ност, кај Авра­мо­пу­лос и тре­ба да се ба­ра од­го­вор­но­ста за оп­сто­ју­ва­ње­то на на­ци­о­на­лиз­мот и на на­циз­мот, кои се одр­жу­ва­ат и вгра­ду­ва­ат кај грч­ки­те вој­ни­ци.

 14570521392_86ec0a14ff_o

Кој е но­ви­от евро­ко­ме­сар?

Пав­лосВо­ско­пу­лос, чи­е­што име, всуш­ност, еПав­ле Фи­ли­пов, за из­бо­рот на Са­ма­рас ток­му Авра­мо­пу­лос да би­де иден член на Европ­ска­та ко­ми­си­ја и да би­де прет­став­ник на Гр­ци­ја во нај­ви­со­ки­от ор­ган на Европ­ска­та уни­ја ве­ли де­ка не би тре­ба­ло да по­ми­не без пре­ис­пи­ту­ва­ње на не­го­ви­те ста­во­ви.

– Да­ли и ка­ко Жан Клод Јун­кер, но­ви­от пре­тсе­да­тел на ЕК и дру­ги­те од­го­вор­ни во ЕУ ќе ре­а­ги­ра­ат и што мо­же да оче­ку­ва­ат од ид­ни­от со­ра­бот­ник, ко­ме­са­рот Ди­ми­три­ос Авра­мо­пу­лос, од не­го­во­то дејс­тву­ва­ње за до­бро­то на ЕУ, ако си­те овие го­ди­ни не пре­зе­ма(л) ни­ка­кви мер­ки про­тив од­го­вор­ни­те во грч­ка­та ар­ми­ја, со тоа што има це­лос­на од­го­вор­ност ка­ко ми­ни­стер за од­бра­на? – пра­шу­ва Пав­ле Фи­ли­пов, ли­дер во ор­га­ни­за­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те во Гр­ци­ја, „Ви­но­жи­то“.

Авра­мо­пу­лос е поз­нат и во ме­ѓу­на­род­на­та и во ма­ке­дон­ска­та јав­ност по два го­ле­ми ис­па­да, и два­та во САД.

Пред ед­на го­ди­на, ко­га Авра­мо­пу­лос се срет­на со аме­ри­кан­ски­от ко­ле­га Чак Хејгл во САД, до­пис­ни­кот од МИА Цве­тин Чи­ли­ма­нов го пра­ша да­ли на сред­би­те ќе се раз­го­ва­ра и за раз­ли­ки­те за име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. То­гаш Авра­мо­пу­лос др­ско вле­зе во конф­ликт со но­ви­на­рот на Ма­ке­дон­ска­та ин­фор­ма­тив­на аген­ци­ја.

– Од ка­де си? Од Ма­ке­до­ни­ја? Зо­што то­гаш не збо­ру­ваш грч­ки? – бе­шере­ак­ци­ја­та на Авра­мо­пу­лос во Ва­шин­гтон. Мо­же­би прет­по­ста­ву­вај­ќи го не­го­ви­от ка­ра­ктер, не­го­ви­от ка­би­нет цел ден се оби­ду­вал да го спре­чи ма­ке­дон­ски­от но­ви­нар да дој­де во „бли­ска сред­ба“ со Авра­мо­пу­лос.

Ид­ни­от евро­ко­ме­сар и прет­ход­но соз­да­ва­ше ин­ци­ден­ти, ка­ко тој во ООН, ко­га по про­зи­вка­та од ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел Ѓор­ге Ива­нов во са­ла­та на Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ОН во Њу­јорк, ре­а­ги­ра­ше бур­но ве­леј­ќи де­ка во са­ла­та се слуш­на­ле ста­во­ви со кои се искри­ву­ва­ла ре­ал­но­ста, ка­ко и со об­ви­ну­ва­ња­та кон Ма­ке­до­ни­ја зана­ци­о­на­ли­зам и за ире­ден­ти­зам по сред­ба­та со ми­ни­сте­рот Ни­ко­ла По­по­ски.

Во на­ста­пот на Ист ри­вер на Ге­не­рал­но­то со­бра­ние, ка­де што, всуш­ност, и бе­ше усво­е­на дек­ла­ра­ци­ја со ко­ја се ба­ра по­чи­ту­ва­ње на пре­су­ди­те на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг, Авра­мо­пу­лос об­ви­ни со говор.

-…Искри­ву­ва­ње­то на ре­ал­но­ста пред це­ла­та ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца и ко­ри­сте­ње­то ре­то­ри­ка од 19 век во 21 век е кон­тра­про­ду­ктив­но и не нè во­ди ни­ка­де. По­пу­лиз­мот и на­ци­о­на­лиз­мот се нај­ло­ша­та мож­на ком­би­на­ци­ја за чии би­ло на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си и за ста­бил­но­ста на ре­ги­о­нот – из­ја­ви Авра­мо­пу­лос ин­ди­рект­но по­со­чу­вај­ќи на го­во­рот на Ива­нов. Но, овие збо­ро­ви по­ве­ќе при­ле­га­ат за ана­ли­за на грч­ко­то оп­штес­тво.

Во таа на­со­ка е и ста­вот на по­ли­ти­ко­ло­гот Вла­ди­мир Ми­сев од Ин­сти­ту­тот за де­мо­кра­ти­ја „Со­ци­е­тас ци­ви­лис“.

– Не е прв­пат да се збо­ру­ва за ва­ков вид од­не­су­ва­ње во грч­ко­то оп­штес­тво, за грч­ки­от на­ци­о­на­ли­зам. Гр­ци­ја е др­жа­ва од ре­ги­о­нот што пр­ва ста­на член­ка на ЕУ и на НА­ТО, но ме­сто да би­де при­мер, ста­ну­ва др­жа­ва за ко­ја збо­ру­ва­ме со осу­ди – ве­ли Ми­сев.

– Де­фи­ни­тив­но, ва­кво­то од­не­су­ва­ње на грч­ка­та ар­ми­ја е за осу­да и гре­шка е што изо­ста­ну­ва осу­да­та од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца – до­да­ва Ми­сев.

– По­го­лем проб­лем за ЕУ и за НА­ТО е што ме­сто ли­дер што би го тур­кал ре­ги­о­нот кон ор­га­ни­за­ци­и­те, др­жа­ва­та вне­су­ва до­пол­ни­те­лен ан­та­го­ни­зам. Тоа е нај­го­ле­ми­от грев на Гр­ци­ја, проб­ле­ми­те што ги соз­да­ва. Тие по­ја­ви ве­ќе ста­наа глав­на ка­ра­кте­ри­сти­ка на Гр­ци­ја, не се ин­ци­дент­ни. На­ци­о­на­ли­стич­ки иста­пи на по­е­дин­ци и на по­ма­ли гру­пи има на­се­ка­де и тоа е, да ре­че­ме, нор­мал­но. Но проб­ле­мот со Гр­ци­ја е што ге­не­ри­ра та­кви по­ја­ви.До­кол­ку ЕУ и НА­ТО ги осу­дат вер­бал­но, ни­ту тоа не е го­ле­ма ра­бо­та. Две­те ор­га­ни­за­ции не­ма­ат за­штит­ни ме­ха­низ­ми со кои би мо­же­ле да санк­ци­о­ни­ра­ат ва­кво од­не­су­ва­ње во др­жа­ва-член­ка. Мо­же са­мо да осу­дат, ама, всуш­ност, тоа е мно­гу да­ле­ку од по­тре­би­те во ре­ал­но­ста – ана­ли­зи­ра Ми­сев.

Мо­же­би ЕУ и НА­ТО не­ма­ат ме­ха­низ­ми за санк­ци­о­ни­ра­ње, но има­ат ус­ло­ви за тоа. Та­ка ка­ко што ус­пе­а­ја да на­мет­нат Гр­ци­ја да се со­о­чи со Злат­на зо­ра и со на­ци­о­на­ли­стич­ки­те и на­ци­стич­ки ис­па­ди на гра­ни­ци­те про­тив ма­ке­дон­ски­те др­жав­ја­ни, или, пак, со дел од чле­но­ви­те на Злат­на зо­ра во по­ли­ци­ја­та, вој­ска­та, во ца­ри­на­та. И то­гаш ѝ се гле­да­ше низ пр­сти, сè до­де­ка не се слу­чи­ја пре­те­пу­ва­ња и убис­тва. По „при­тег­ну­ва­ње­то од ЕУ и од НА­ТО“, пре­ку ноќ со­преа ин­ци­ден­ти­те по­вр­за­ни со Злат­на зо­ра. Зна­чи, мо­же.

Иа­ко, при­ви­дот тра­е­ше кра­тко. Ова ле­то по­втор­но цел на на­па­ди се ма­ке­дон­ски­те ту­ри­сти, во­зи­ла­та, а и грч­ка­та ар­ми­ја си пее де­ка ќе се сла­ди со кр­вта на со­се­ди­те. Што ли са­мо овој пат ќе до­не­се мол­че­ње­то на ЕУ и на НА­ТО и на­гра­да­та за Авра­мо­пу­лос?

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 102. број на неделникот „Република“, 15.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top