Во многуте истажувања што ги прават светските институти или медиуми се најде и ова за нивото на опасност. Се испитуваше довербата кон полицијата, перцепција за нивото на безбедност од граѓаните и регистрираните случаи на грабежи.
Нивото на опасност во светски рамки е најголемо за граѓаните на Венецуела според истражувањето за индексот на граѓанска безбедност, пренесе телевизијата Univision, а од земјите во латинска Америка најбезбедна е Никарагва.
Во Венецуела 74% од испитаниците во анкетата не веруваат на полицијата, само 19% не се плашат да излезат на улица во текот на ноќта, а 22% изјавиле дека или тие или нивни блиски биле жртви на грабеж во изминатата година.
Покрај тоа, според податоците за убиствата на комисијата на ОН за дрога и криминал, Венецуела отстапува единствено од Хондурас, каде што се вршат 90,4 убиства на 100 илјади жители. Во Венецуела овој показател е 53,7 убиства на 100 илјади, а на третото место е Белизе (44,7).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.