| четврток, 6 декември 2018 |

10 предлози за одмор далеку од очите на соседите

Ако барате место за одмор далку од метеж и, секако, подалеку од некој сосед од дома, ви предлагаме листа од десетте најубави а сепак најмалку посетувани земји.

10. ПАЛАУ

Палау е острово во западниот дел на пацификот. Како дел на Микронезија, лани изброиле 105 илјади туристи.

9. МОЛДАВИЈА

Молдавија и не е толку далеку, се наоѓа меѓу Романија и Украина. Лани во земјата допатувале 96 илјади гости.

8. ИСТОЧЕН ТИМОР

Источен Тимор се наоѓа во југоисточна Азија поточно над 2 илајди километри од Австралија. Земјата е прекрасна но лани ја посетиле само 78 илјади туристи.

7. ДОМИНИКА

Домника, малото острово во Алите Антили во Карипското море е скриено богатство за разлика од посетуваните Мартиник и Гвадалупе. Лани го откриле 78 илјади посетители

6. СЕНТ ВИНСЕНТ И ГРЕНАДИНИ

Сент Винсент и Гренадини е на преминот меѓу Карипското море и Атлантскиот океан. Во близина на островите Сент Луис, Гренда и Барбадос, таму допатувале 72 илјади туристи.

5. АНГВИЛА

Ангвила е острово источно од Порторико и Девствените отрови. Дел е од прекуморските  територии на Обединетото Кралство. Па сепак, лани допатувале само 69 илјади туристи.

4. ЛИХТЕНШТАЈНЛихтенштајн е обиколен со териториите на Швајцарија и на Австрија, па можеби затоа туристите го забораваат. Лани престојувале само 60 илјади.

3.НИЈУЕ

Нијуе е острово на југот од Тихиот океан, на околу две илјади километри од Нов Зеланд. Тој пат го поминале само 7 илјади туристи.

2. МОНСЕРАТ

Монсерат е дел од Малите Антили и има статус на прекуморска територија на Обединетото Кралство, а лани во него уживале само 7 илјади туристи.

1. КИРИБАТИ

И доколку се ова ви делува дека е возможно „да ве најдат“ познаниците од кои сакате да одморите- последното место на кое може да избегате е Кирибати. Лани го посетиле само 6 илјади странци. До ова острово во централниот дел на Пацификот нема други поголеми острови. Хаваи се наоѓаат на околлу 5 часа летање кон север.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top