Кривичарите ја поздравуваат владината одлука ригорозно да се казнуваат македонски државјани кои ќе учествуваат во надворешни воени конфликти. Според експертите со овие измени Владат оди чекор напред во зајакнување на безбедноста.
Професорот Методи Хаџи Јанев за Сител вели, земајќи го предвид компаративниот метод, за ова кривично дело во поголемите држави од Европа и Светот, спроведувањето на ригорозни казни даваат позитивен резултат.
Тој додава дека се оправда недовербата на властите во услови на глобализација и дигитализација. Се покажа дека е оправдана загриженоста, но и казните кои ги превидуваат со цел да обезбедат поголема национална безбедност.
-Праксата доколку компаративно ја гледате, ќе видите дека покажува позитивни резултати, ако го тоа направите на пример она што се случуваше на фудбалските стадиони и зголемување на казната за несоодветно однесување, досега барем во светот влијаеше во поголем број на земји на одвраќање, а тоа е да на намалување во светот влијаеше во поголем број на зејми на одвраќање, а тоа е намалување на криминалитетот и на тој начин фактички можеме да кажеме дека оваа мерка може да се смета како мерка за одвраќање или како еден од чекорите кои што во иднина би требало да бидат превземени за справување со овој феномен.Постојат методи, постои соодветна дигитална форензичка технологија и техника која што се применува за да се лоцира одговорноста и да се всушност на тој начин влијае на намалување на корисници или санкционирање на оние кои што го злоупотребуваат и го користат за разни негативни цели, вели Хаџи Јанев за Сител.
Затворските казни се доволно строги за да ги одвратат лицата кои размислуваат, се принудени или соработуваат во воени паравоени активности надвор од државата. Важно е вели Хаџи Јанев да се следат трендовите. Оваа глобална закана брзо се шири поради слободниот пристап до интернет, но тоа незначи дека Македонија не располага со механизми за откривање на изворот од каде се шират радикалните пораки на социјалните мрежи. Она што недостасуваше, според него беа казните за сторителите.
Македонија успеа да се хармонизира по насоките на европскта унија и комитетот за борба против тероризмот при Обединетите нации , да ги адаптира нивните барања за строги казни во нашето законодавство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)
-
Со поткуп до укинување на екстерното
-
Дивите орди на СДСМ, платениците на СОРОС и екстремистите на БЕСА спроведоа уште еден чин од украинското сценарио: Кршеа и уништуваа сѐ пред себе (ФОТО+ВИДЕО)
-
Џастин Бибер во новиот дел на „Платеници“


