| четврток, 6 декември 2018 |

Дивите орди на СДСМ, платениците на СОРОС и екстремистите на БЕСА спроведоа уште еден чин од украинското сценарио: Кршеа и уништуваа сѐ пред себе (ФОТО+ВИДЕО)

Портата Македонија, фонтаната „Воин на коњ“, споменикот на Цар Самоил, споменикот на културата зградата на Командниот гарнизон во која е сместено Министерството за култура, полицајците од кордонот пред Министерството за култура настрадаа денеска во „мирниот“ протест на поддржувачите на СДСМ и платеници на СОРОС засилени од активисти на албанското движење БЕСА. И денес, како и минатата недела откако се на улиците, насилството беше главна одлика на нивните протести. Нападнати беа полициски службеници, се кршеше и се фрлаше сѐ и сешто, се уништува споменици и државни и јавни објекти.

Насобраните платеници на СОРОС и хулиганите поттикнати од СДСМ пред Собранието ги повторија своите барања и се заканија дека нема да престанат сѐ додека не се исполнат, а потоа се упатија на Плоштадот Македонија.

Повторно својот дивјачки порив го истурија на Портата Македонија. Гаѓаа со јајца и боја, испишуваа графити, а во фонтаната на споменикот „Воин на коњ“ истурија прашок за перење, ги оштетија лавовите на фонтаната и споменикот на Цар Самоил.

Откако не се задоволија ниту на плоштадот, заминаа пред Министерството на култура – секако за да ја оштетат и зградата која е заштитена како споменик на културата, изградена во 1927 година за потребите на тогашното Министерство за шуми.

Пред зградата на Министерството се распоредени многу полицајци, кои исто така настрадаа, но не пружија сила.

Протестот заврши пред Владата на Република Македонија, каде што хулиганите врзуваа македонски и албански знамиња за да покажат спротеност на двете екстремистички етнички банди.

Зоран Заев и јавно излезе со поддршка на протестите кои прераснаа во насилни собири изминативе денови во главниот град. Хулиганите кои ги предводеше тепаа и пцуеја полицајци, и им посакаа „да им се деси Куманово“, што значи реприза на битката со терористите кај Диво Насеље. Тој кобен ден Македонија загуби осум херои бранители.


Активисти блиски до СДСМ, а платени од СОРОС, овие протести ги карактеризираат како „мирни и ненасилни“, но овие видеоснимки и фотографии го покажуваат токму спротивното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top