Доколку е за верување изјавата на еден од глумците, во новото продолжение на филмот „Платеници“ покрај Силвестер Сталоне ќе го гледаме и тинејџерот Џастин Бибер.
Бибер би требало да се придружи на екипата во следното продолжение на „Платеници“, вели Тери Круз.
Глумецот кој се појави во сите три дела, за „Њујорк Дејли Њуз“ изјави дека младиот пејач ќе биде дел од екипата во новиот дел.
– Ви гарантирам дека Џастин Бибер ќе се појави во новото продолжение – вели Круз.
Ова нема да биде прво појавување на младиот пејач на големото платно, тој веќе се покажа како глумец во една епизода од серијата „ЦСИ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хејли стана Бибер, се ожени музичката ѕвезда (фото)
-
Џастин Бибер ќе се жени со внуката на Алек Болдвин
-
Русите одлучија да го искористат своето влијание на Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ (галерија)
-
Била силувана на 17 години и одбила да абортира па го родила познатиот пејач