| четврток, 6 декември 2018 |

Со поткуп до укинување на екстерното

Екстерното тестирање повторно се актуелизира деновиве. Во периодот што следи, поточно од 30 јануари до 3 февруари ќе се проверуваат постигнувањата на учениците од завршите години во средното образование, веќе 5та година по ред. И покрај тоа што процесот е прифатен и рутински од аспект на имплементација, а во меѓувреме и значително унапреден, паралелно со наближувањето се активираат и платениците на оние кои со години наназад се обидуваат да ги оцрнуваат политиките и сите реформи на актуелната влада, пишува „Курир“.

Па така, топ тема на една телевизиите беше токму оваа. Екстерното. Дури тројца гости во студио наспроти претставникот од надлежното министерство. Претставници на невладини организации директно финансиски поткупени од СОРОС преку Институтот Отворено Општество, задолжени за критики кон состојбите и реформите во образованието и за создавање конфликтност помеѓу младите преку добро подготвена стратегија.

Никаков конструктивен предлог, никаква идеја, сем укинување на процесот. Празни фрази, изрази, обвинувања и измислувања до бескрај, обидувајќи се притоа да изгледаат убедливи пред останатите, пред гледачите и секако пред “претпоставените“ и финансиерите на нивните финансиери.

Дона Костуранова, Владо Димовски и Душко Стојановски.

Извршниот директор на Младинскиот образовен форум – МОФ, Дона Костуранова заедно со неколкуте нејзини соработници меѓу кои и видни членови на Социјалдемократскиот сојуз, за своето дејствување има огромна финансиска корист.

Извештаите говорат дека НВО МОФ во текот на 4 години од СОРОС добила околу 1.000.000 евра исклучиво наменети за дејствување на штета на македонските национални интереси преку поттикнување на омраза меѓу граѓаните, а лично Костурановакоја беше најгласна во протестите на улиците за две години заработила над 1.250.000 денари. Јавноста имаше прилика да го увиди деструктивното делување на Костуранова заедно со нејзиниот пријател Павле Боговски, кој благодарение на фарбањето споменици и институции си обезбеди пратеничко место во Собранието на Република Македонија.

Досега не е познато дали за ваквата улога на Дона Костуранова и е ветена некоја функција, освен продолжување на исплатата на дебели хонорари.

Костуранова покрај тоа што е “голем борец“ за демократија, чист воздух, за заштита на правата на животните, на твитер заедницата и е позната и како промотор и заштитник на ЛГБТ популацијата.

dona

Нејзината лажна грижа за средношколците вчера уште еднаш излезе на виделина. Повторно неаргументирано го критикуваше екстерното тестирање, поклопувајќи ги искажаните ставови со оние на Социјалдемократскиот сојуз.

Меѓу другото, нејзиниот Младински образовен форум прикривајќи се позади лажната грижа студентите во изминатиот период, не реализираше ниту еден реално корисен проект за младите лица, освен финансиската поддршка на фестивалот кој го организираше Студентскиот пленум на крајот од 2015 година, кој што според организацијата и бројот на диџеи кои што настапија чинел околу 50.000 евра. Ваквата голема финансиска поддршка за тотално некорисен проект, во јавноста се појавија информации дека била обезбедена преку Ивана Туфегџиќ, членка на Студентскиот пленум, која што исто така стана пратеничка во Собранието и колешка на Павле Богоевски.

foto

Очигледно дека директорот на МОФ, Дона Костуранова  е активна на многу полиња од општественото дејствување, кои сите се поврзани со деструктивно однесување мотивирано од високите хонорари добивани од СОРОС, логично се поставува прашањето која е следната улога која што ќе и биде доделена како дел од големото сценарио за целосно разнебитување на македонското ткиво.

Владо Димовски од “пленумец“ меѓу наставниците и предводник на наводни реформи во образованието, до експерт и аналитичар за економија, безбедност, политика, мигранти……Вака накратко може да се опише одделенскиот наставник вработен во еден од подрачните објекти на основното училиште “Алија Авдовиќ“ во општина Студеничани кој, во изминатите 2,5 години исто така, беше еден од поистакнатите луѓе на протестите на опозицијата организирани преку “независни“ пленуми и “незадоволни“ граѓани.

Тоа е човекот кој најчесто можеше да се види пред зградата на Министерството за образование и наука, притоа арогантно со свирче во устата, пластична пушка со боја во едната и некреативни транспаренти во другата рака, задолжително активноста за која си добиваше соодветен финансиски стимул, а за што голем дел од јавноста не е запознаена, кулминираше со презентација на ставот на толпата пред одреден и контролиран дел од медиумите на СДСМ, каде нема да му бидат поставувани дополнителни, непредвидени новинарски прашања.

Најчесто неговите настапи се нотирани во име на таканаречениот “Наставнички пленум“ во кој членуваа и Цветанка Ласкова од СДСМ, братот на поранешниот портпарол на Бранко Црвенковски, Данило Станковиќ, Даниела Николова-актуелен советник на опозицијата во Аеродром, поранешниот пратеник на СДСМ, Аце Спасевски, кои бесрамно беа едногласни во изразувањето на задоволството од бојкотот на наставата на учениците и губењето на часови.

Неретко, Димовски настапува и во име на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, преку кој, изразувајќи загриженост за образованието, во еден период организираше и трибини низ неколку градови на кои дури имаше и посетеност, од неколкумина локални пријатели и приврзаници, а друштво му правеше и Дона Костуранова.

adresar-dimovski

Ова здружение каде тој се појавува меѓу раководните структури, обвинува дека во земјава дел од угледните организации како најголемиот синдикат – СОНК, го попречуваат граѓанскиот активизам.

Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, кој во 2010 година се занимаваше со наводно истражување на јавното мислење за безбедносната состојба и меѓуетничките односи во Македонија, според кое ситуацијата била екстремно влошена (подоцна резултатите се окарактеризирани како груба манипулација, поради нерелевантниот методот на истражување кој што се користел) во 2015 година станува дел од организацијата „Граѓаните за Македонија“, во која учествуваа и Фондацијата Отворено Општество, Метаморфозис и други, на кои што заедничко им е финансирањето од Сорос и контролата на дејствување од страна на СДСМ. Потег, кој исто како и вчерашниот, само потврдува дека е медиумска перјаница и платен одработувач за остварување на нечии политички цели.Поточно на опозицијата.И неговата следна улога останува непозната за пошироката јавност. Барем засега.

vlado-dimvoski

Последен по јавна експонираност од вчерашните гости во емисијата посветена на екстерното тестирање – Душко Стојановски.

Насила истуркан да биде претседател на синдикалната организација на СОНК во скопската гимназија “Орце Николов“, а потоа и разрешен и исклучен од најголемиот синдикат со одлука на Советот.  Затоа што најде време да биде дел од сите протести, да гостува во сите емисии на медиумите под контрола на опозицијата, а не најде време да ги подучи учениците низ задолжителната наставна материја.

goto34

Тој не го криеше своето задоволство од тоа што неговите ученици губеа часови кога протестираа против државната матура и екстерното, а добиваа спрејови и ги фарбаа институциите.

Неколку пати се појави и се обрати во таканаречениот камп на слободата на СДСМ, организиран пред Владата на Република Македонија, блажено насмеан чекајќи аплауз од присутните “слободари“ и браќа по идеологијата за рушење на државната унитарност.

foto52-640x358

 

Ова се луѓето кои бараат укинување на екстерното тестирање. Укинување на процес кој е прифатен и се имплементира во најголем дел од земјите членки на ОЕЦД и кој, кај нас веќе го дава очекуваниот ефект.Реформа која значи крај на ерата во која царуваше неправичното оценување, особено во периодот на транзицијата и создавањето на новопечените богаташи, кои непосветеноста на развојот на децата сакаа да ја компензираат со поправање на нивните оценки преку притисоци врз наставниците и професорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top