| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке и Херта ги прокоцкаа шансите за победа

Hertha BSC Berlin vs SV Werder Bremen

Во првото коло од германскиот фудбалски шампионат Шалке ја испушти победата и дозволи целосен пресврт на гостувањето кај Хановер. Хановер и покрај водството на Шалке со 1-0 за само три минути постигна два гола и заслужено славеше со 2-1 и ги прокнижи првите три бода. Стрелци за Хановер беа Приб и Хоселу во 67 и 70 минута. Единствениот гол за Шалке кој треба да биде еден од конкурентите за титулата оваа сезона го постигна Јан Клас Хунтелар на почетокот на второто полувреме во 47 минута.

Hannover 96 vs FC Schalke 04

Херта ја покоцка предноста од два гола на домашен терен во Берлин и му дозволи на Вердер Бремен да си замине од олимпискиот стадион непоразен со резултат 2-2. Двоен срелец за Херта беше Шајбер во 16 и 47 минута. По ова водство Вердер не се предаде и успеа најпрвин преку Мулонготи во 53, а по само две минути подоцна и преку Ди Санто да постигне два гола и да го израмни резултатот.

Резултати: Ајтрахт – Фрајбург 1-0, Хановер – Шалке 2-1, Келн – Хамбургер 0-0, Херта – Вердер 2-2, Хофенхајм – Аугсбург 2-0, Баерн Минхен – Волфсбург 2-1.

Денеска се игра и дербито во првото коло меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен.
Утре се играат останатите два натпревара од првото коло, а се среќаваатМенхенгладбах – Штудгарт и Падерборн – Мајнц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top