Во второто коло од англиската Премиер лига Челси на домашен терен беше поуспешен од тимот на Лестер и славеше победа со 2-0. Повторно стрелец за Челси беше „злато“ вредното засилување Диего Коста. Тој успеа да го отвори резултат во 62 минута по одличната асистенција на Бранислав Ивановиќ. Вториот гол беше дело на Еден Азар кој по асистенција на второто големо засилување за тимот на Жозе Мурињо Сеск Фабрегас ја погоди мрежата на Каспер Шмајхел. Нови три бода за Челси без поголеми проблеми со противникот. Мурињо може да биде задоволен бидејќи токму новите засилувања кои лесно се вклопија во тимот му донесоа победа.
Во останатите денешни натпревари од второто коло, Астон Вила ремизираше без голови со Њуксл, Вест Хем славеше на гостувањето кај Кристл Палас со 3-1, Свонси минимално со 1-0 освои нови три бода, а Саутемптон и ВБА одиграа без голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


