| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија претпоследна на европското кадетското првенство

Младите ракометни надежи на Македонија со денешната победа над Романија со 35-32 го избегнаа фенерот на европското кадетско првенство. Без разлика на пласманот и претпоследното место на првенството во Полска оваа репрезентација на моменти добра игра во текот на првенството и има потенцијал за повисоки дострели. Овие млади момчиња треба да бидат носители на играта во сенирската репрезентација за неколку години.
Играта против Романија беше онаа што сите ја посакувавме во текот на целиот шампионат. Со иницијатива во текот на целиот меч, Македонија лесно дојде до резултат. Доколку не се случуваа брзолеплети додавања во нападот победата можеше да биде и поубедлива. Истите грешки се случуваа на сите натпревари, но во овој Романија не е достоен противник за да може тоа да го искористи и да не казни.
Со враќањето на Марко Неловски во составот се покажа колку неговото отсуство значеше во претходните натпревари. Тој денеска беше најефикасен со 12 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top