| четврток, 6 декември 2018 |

Грначов го прифати предизвикот, следни се Бошко Ѓуровски и Илчо Ѓорѓиоски

grncarov-odlicna

Репрезентативецот на Македонија и играч на ФК Вардар Бобан Грначов го прифати предизвикот од својот поранешен соиграч од Ботев Иван Цветков и се поли со ладна вода. Тој при номинацијата на следните тројца кои треба да го прифатат предизвикот ги повика претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, селекторот Бошко Ѓуровски како и неговиот добар пријател АЛександар Васовски. Првите двајца ги нарече селектор и секретар. Бошко Ѓуровски одлучи да не го повика Грначов во репрезентацијата за почетокот на квалификациите за европското првенство во 2016 година против Шпанија што ќе се игра на 8 сетепмври во Валенсија, иако токму овој играч беше капитен на пријателските натпревари против Камерун и Катар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top