| четврток, 6 декември 2018 |

Училишни униформи за основците од Аеродром

униформи

Деталите за воведување на училишните униформи, ќе ги изнесе градоначалникот на општината Ивица Коневски на прес-конференција во понеделник.

На настанот кој ќе се одржи во 11 часот во ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе присуствува и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во исти униформи, а со тоа според градоначалникот Коневски, основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.

униформи 2

Со униформите ќе се постигне чуство на еднаквост меѓу децата и нема да има поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна пак, на родителите ќе им се намалат трошоците за купување гардероба.

Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top