Општина Аеродром и годинава обезбедува училишни униформи за сите основци во училиштата што се на нејзина територија. За над 6.500 униформи општината од осум милиони денари. Денеска во посета на основното училиште “Гоце Делчев“ во Лисиче беше заменик министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот на општината Ивица Конески.
Градоначалникот Конески истакна дека преку овој проект се овозможувс социјална еднаквост и надминување на економските разлики кои што постојат меѓу дел од семејствата.
– Општина Аеродром трета година по ред обезбедува бесплатни училишни униформи за сите деца во нашата општина. Проектот има социјален карактер. Идејата е сите деца да изгледаат исто, пристојно, со цел да можат во текот на годината да се фокусираат на воспитно образовниот процес, а со тоа да имаат и подобри резултати во учењето, истакна градонашалникот на општина Аеродом Ивица Конески при доделувањето училишни униформи во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.
Заменик министерот Ристовски потенцираше дека министерството во целост ги подржува ваквите активност, а општината Аеродром е добар пример за останатите општини која започна со нив.
– Овој проект е за поздравуваање бидејќи со него се обезбедува социјална еднаквост, се надминуваат на еден начин економските разлики кои можеби постојат меѓу дел од семејствата и се озвозможува сето тоа да нема никакво влијаније на учениците. Напротив тие на еден начин да се фокусираат на она што треба да биде нивна приоритетна активност во училиштето, а тоа е зголемување на квалитетот на нивното знаење, истакна заменик-министерот Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)