| четврток, 6 декември 2018 |

Со полициски униформи ограбувале во Охрид

Непознати лица кои лажно се претставиле како полицајци вчера во Охрид успеале да измамат тројца албански државјани и од нив да украдат две чанти во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони, 4.000 американски долари, 450.000 леки, 730 евра, 60 турски лири, 300 денари, 350 канадски долари и 10 франци.

Случајот го пријавил вчера вечер еден од оштетените.

А.Д. (32) од Тирана и С.М. (38) и Г.Г. (37) од Елбасан околу 20:10 часот се движеле по улицата „Крум Точко“ кога биле пресретнати од патничко возило „фолксваген голф 5“ со непознати регистарски ознаки. Од возилото излегле две непознати машки лица. Едното имало елек на кој пишувало полиција, а другото било  вооружено. Им рекле на А.Д., С.М.и Г.Г. да легнат на земја и им извршиле претрес, по што им ги одзеле чантите и се упатиле во непознат  правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top