Повеќе од 6.000 ученици од основните училишта во Oпштина Аеродром и годинава ќе добијат нови училишни униформи. Дистрибуцијата на облеката е во тек, а нивната набавка ја обезбедува Општината за што од нејзиниот буџет ќе бидат одвоени осум милиони денари.
– Целта на оваа наша активност е децата да бидат еднакви во облекувањето и подобро да се фокусираат на воспитно-образовниот процес – изјави денеска градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваа на доделувањето на униформите во ОУ „Ѓоргија Пулевски“.
Коневски најави дека во план е оваа активност, која почна минатат година, да продолжи и во иднина.
Според заменик-министерот Ристовски, оваа активност на Општина Аеродром е значајна од аспект на социјалната компонента бидејќи се постигнува унифицираност во пристапност на сите ученици.
– Општина Аеродром го почна овој проект и би апелирал и другите општини да го следат овој пример бидејќи унифицираноста на облеката во училиштата е практика што се случува во секоја развиена земја – рече Ристовски.
Прашан дали очекува мирен почеток на новата учебна година, Ристовски рече дека не очекува да се случуваат турбуленции доколку политиката и партии ги тргнат рацете од образованието.
– Оваа учебна година треба да биде година кога пред и над сè ќе бидат тргнати рацете на политиката од образованието. Образованието мора да биде надвор од дневно-политичките интереси на партиите и искрено очекувам дека следнава година ќе имаме поголем број дискусии, но не очекувам да ни се случуваат турбуленции доколку политичките партии ги тргнат рацете од образованието и тоа не се злоупотребува за дневно-политички поени, нагласи Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди