| четврток, 6 декември 2018 |

Торес во Рома, Дестро во Челси?

Калчолигашот Рома кој претходната сезона заврши на втората позиција, оваа сезона најавува посериозна битка за првата позиција во италијанската Серија А. Лидерите на Рома се интересираат за ангажман на шпанскиот репрезентативец Фернандо Торес, кој не ја оправда сумата од 50 милиони, која за него ја плати Челси.

Оваа зделка би можела да се реализира до крајот на преодниот рок и тоа како размена на двајца фудбалери. Торес би се преселил во Рим, а на „Стемфорд бриџ“ би заминал Матија Дестро, напаѓачот на Рома, за кого Жозе Мурињо смета дека може да се вклопи во неговиот стил на игра и да му помогне на тимот во новата сезона.

Фернандо Торес, пред три сезони дојде како огромно засилување за сума од 50 милиони фунти, но не ја оправда довербата. Тој има висока годишна плата, а во моментот на него Мурињо не смета како на стандарден првотимец. Оттаму интересот и на Челси да учествува во оваа зделка за размена на двајцата фудбалери. Секако, Рома ќе има и дополнителни финансиски детали кон Челси, кои засега не се објавуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top