| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно е завршен СЦ „Јане Сандански“, подготвен е за отворање

Изградбата на СЦ „Јане Сандански“ е во завршна фаза. Примарно е отворањето на големата сала која има капацитет од 6.500 гледачи. Машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар како и кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје ќе добијат одлични услови за тренинг и натпревари. Посетителите вистински ќе уживаат при посетата на овој спортски комплекс.

Презадоволни сме што многу брзо ќе можеме и официјално да го отвориме новиот спортски комплекс „Јане Сандански“. Главната спортска сала ќе биде со со капацитет за 6.500 навивачи, понатаму ќе се отвори втората помала сала со капацитет од 1.000 седишта. Дополнителни спортски капацитети ќе се отворат до крајот на годинава, 4 тениски игралишта според АТП и ВТА стандарди. Исто така, во спортскиот центар ќе има и фитнес центар со 500 м2 кој ќе се користи како за спортистите, така и за комерцијални потреби. Ќе се отвори и продавница за брендот Хумел, а со истиот бренд ќе се сервисираат и фан шоповите на ФК вардар, како и на машкиот и женскиот клуб Вардар“ – изјави Надица Димовска генерален менаџер на СЦ “Борис Трајковски“.

Дина Муцунска е генерален менаџер на хотелот Русија кој ќе биде во склоп на спортскиот комплекс во Аеродром.
Таа се осврна на условите и опременоста на хотелот заедно со пропратните елементи на целиот објект.

Хотелот Русија ќе се разликува од другите хотели по цената и квалитетот кој ќе го нуди. Капацитетот на хотелот е 61 соба и апартмани, од што еден е претседателски, 6 супериор, 28 се еднокреветни 26 двокреветни. До крај на годината ќе проработи и спа центар, кој ќе има руска сауна, базен, хамам, масажи“, изјави Дина Муцунска, генералниот менаџер на хотел Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top