МЗТ Скопје ја продолжи својата доминација на македонската кошаркарска сцена, славејќи со 86-82 во решавачкиот натпревар против Крпош соколи. Мајсторката донесе максимално израмнета игра во која на крајот сепак пресуди искуството на тимот од Аеродром, кој по загубената куп-круна немаше намера да остане со празни раце сезонава. Клоф одигра фантастичен меч, но Дреновац со тројката во последната минута го реши овој натпревар, кршејќи го целосно отпорот на гостинскиот тим.
Металците“ покажаа голема борба, посебно во последниот период, по што дојдоа до шестата титула во низа во мак-баскетот. „Соколите“ може да жалат за пропуштената шанса да ја обединат двојната круна, посебно Бојан Трајковски, кој промаши шут за три кога беше најпотребно да се погоди, а потоа направи и фаул со кој му даде слободни фрлања на МЗТ.
МЗТ Скопје подобро го стартуваше натпреварот, поведе со 9-4, но гостинскиот тим набрзина се консолидираше, па со неколкуте прецизни шутеви од далечина на половина од стартната четвртина Карпош соколи дојде и до предност од 11-12. „Металците“ не реализираа уште еден напад, Чомагиќ погоди тројка за 11-15, по што Назор побара тајмаут. Гостите потоа три минути беа без постигнати поени, по што МЗТ се врати и повторно накратко ја презеде контролата над резултатот. Се играше изедначено до крајот на првиот период (22-20), а идентично играта продолжи и до полувремето, кога на семафорот стоеше 45-41. „Соколите“ имаа негатива од шест поени, но Соколов украде топка по една грешка на Дреновац и лесно поентира за два со звукот на сирената.
На стартот на третиот период Анте Назор ја смени одбраната, а тоа вроди со плод, затоа што МЗТ успешно се бранеше, но и поентираше во нападите, за највисоки +8 (51-43). МЗТ со тројка на Клоф дојде и до +9 (54-45), но фантастичниот Пери го врати тимот на Карпош Соколи во игра, со шест поени во низа, за 58-56.
Разликата од два поени домаќинот ја задржа и на влезот во последните десет минути (64-62), а неизвесноста траеше и во наредните шест минути, затоа што во последните мигови од мечот резултатот беше крајно незивесен (74-73). Во последните две минути гостинот од Карпош влезе со предност од два поени (76-78), па МЗТ направи серија од 4-0 и го презеде водството (80-78), а во клучните моменти Карпош Соколи остана и без Лабовиќ, поради петта лична грешка.
Пери израмни со две слободни фрлања, но потоа Дреновац со фантастична тројка донесе еуфорија меѓу аеродромци за водство од 83-80. Бојан Трајковски се обиде да израмни со тројка на спротивната страна, но не успеа, десетина секунди подоцна репрезентативецот ја направи и петтата лична грешка, по што Клоф од линијата за слободни фрлања донесе недостижни 85-80. „Соколите“ се обидоа да направат чудо со тројки, но не успеаја, па МЗТ Скопје заслужено славеше со конечни 86-82, за шеста титула во низа и продолжување на доминацијата во македонската кошарка.
Клоф со 29 поени и Дреновац со 23 поени беа најефикасни во редовите на актуелниот шампион, додека кај Карпош соколи први стрелци во вечерашниот пораз беа Пери и Лабовиќ со по 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)